Михајло Трпкоски



Михајло Трпкоски


Михајло Трпкоски е амбасадор на Република Северна Македонија во Црна Гора од 20.08.2018 година. Тој е роден во Гостивар 1953 година.


ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН

Неговиот професионален ангажман се дели на два периоди. Првиот до 2000 година, во “Електростопанство на Македонија” и вториот, од 2000- та година до денес, во Министерството за надворешни работи. 

Во периодот од 1980 година до 2000 година, својот професионалниот ангажман го минува во “Електростопанство на Македонија“, во кој период, од приправник постепено напредува во службата, и од раководител на сектор во ХЕЦ “Маврово“, преку раководител на служба во Работната заедница на “Електростопанство на Македонија“, напредува, така што од 1995 до 1998 година е на местото Помошник на генералниот директор за правни прашања.

Од 01.09.2000 година е именуван на местото Помошник министер - Генерален секретар во Министерството за надворешни работи.

Во периодот од 2002 година до 2005 година е Министер советник - Вршител на работите во Амбасадата во Босна и Херцеговина со седиште во Сараево, а од 2005 година до 2009 година е именуван за  прв вонреден и ополномоштен амбасадор во Босна и Херцеговина.

Од 2009 година по враќањето во Министерството, до 2017 година, е на местото Специјален советник на министерот, а од 01.06.2017 година е на местото  Директор на директоратот за организациони работи во Министерството, едновремено од 05.12.2017 е и Овластен претставник во Заедничкиот комитет за сукцесија на дипломатскиот имот на поранешната СФРЈ.

Од 20.08.2018 година ја презема должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Црна Гора со седиште во Подгорица.

Акредитивните писма на претседателот на Црна Гора, ги предаде на 06.09.2018 година.


ОБРАЗОВАНИЕ

Амбасадорот Михајло Трпкоски е дипломиран правник. Студиите ги завршил на Правниот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.